Поранешната министерка за внтарешни работи, Гордана Јанкулоска, по речиси три години поминати во затвор и без право да може да излезе да го види својот син и семејството, за прв пат доби – отсуство.
Со измена на правилникот, жените-затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ вели дека привилегиите ги користат по потреба и дека добил пет барања за користење на отсуство.
„Одобрен е за пет жени. Привилегиите ги користат по потреба на нивно барање“, посочува кусо Јовановски.
Погодностите доаѓаат откако Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките од женски пол се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“. Тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда.
Адвокатот Влатко Илиевски, кој е и сопруг на Јанкулоска, посочува дека со овој чин, се исправи повеќедецениска неправда кон жените кои се осудени.







