Гордан Калајџиев остро за санкциите кон Македонија од САД

Професорот Гордан Калајџиев се огласи на фејсбук за санкциите кон Македонија од САД.



Американците не ги признаваат ни меѓународните судови а ние нозе ќе искршиме како дома да ги признаеме нивните санкции донесени без никакви процедури?! Тоа драги мои нема да не направи правна држава туку банана република! Европската конвенција за човековите права бара фер судска постапка за секакво казнено обвинение или каква било одлука за граѓанските права и слободи. Има многу начини на кој нашите пријатели може да ни помогнат во борбата со криминалот и корупцијата и тоа да биде согласно правните стандарди.“ напиша тој.