Гордан Георгиев негира дека цели на раководно место во СДСМ

Екс потпретседателот на СДСМ во време на второто лидерство на Црвенковски Гордан Георгиев демантира дека се вклучува во активна политика или во трка за лидерска позиција во СДСМ.



Во последниве неколку месеци неговото им се споменуваше како можен лидер на политичка иницијатива составена од кадри на СДСМ кои не се дел од структурите на Заев а последниве денови дури се споменува како човек кој може да ги обедини сите струи во партијата на власт

“Мислев ќе стивне, како што стивнувало и претходно, но сега веќе имам должност да ги затворам сите шпекулации, инсинуации, евентуални желби и потреби кои доаѓаат од разни агли на општеството во врска со мој претпоставен ангажман (или желба) за вклучување во активна политика или на некакво раководно место во СДСМ.
Изминатите 7-8 години, или барем откако СДСМ е на власт, јас немам никакво учество, активитет или улога во партијата. За волја на вистината, ниту некој побарал суштински совет од мене, ниту пак биле прифаќани моите јавно искажани, и секојпат добронамерни, совети и предлози за подобро функционирање на државата. Сиве овие години, моите ставови за општествените текови јавно ги искажувам преку моите колумни, писанија, јавни настапи и проекти коишто ги работам. За некои ставови сум бил жестоко критикуван, за некои тивко поддржуван.
Така и во иднина, мојата активност и порив за подобро и праведно општество, за до-освојување на слободата и за враќање на изгубените или никогаш стекнатите вредности ќе се одвива во овие рамки. Се разбира, рамките се стеснуваат или шират во зависност од општествените и политички околности…

Сепак, како човек од крв и месо, одржувам пријателски односи и имам емоција и почит кон голем број членови, симпатизери и поддржувачи на СДСМ со кои во еден исклучително тежок период за Македонија сме се бореле за демократија и слобода”, пишува Георгиев во јавната објава.

Колку многу можат да се зголемат рамките во кои ќе се движи политичката активност на Георгиев можат само да се претпостават.