Гордан Георгиев: Македонијо, партал си!

Експотпретседателот на СДСМ во времето на последниот мандат на Бранко Црвенковски како лидер, Гордан Георгиев, не разбира зошто би се одржувал т.н. консултативен референдум, особено ако ВМРО-ДПМНЕ не учествува на него, преку отворен или прикриен бојкот.



„Кој би го одредил цензусот за нашата консултација, зошто воопшто да гласаме? Сто илјади гласови ЗА и ниеден глас ПРОТИВ ќе бидат ли доволно добра консултација? А 200 илјади? 500? Колку?“, прачува Георгиев, кој од поодамна не може да се забележи во првите редови на СДСМ.

„Каков легитимитет бараме преку консултативен референдум? Бидејќи јасно е дека ‘консултацијата’ не создава легалитет. Тогаш, поцелисходно е да се оди на предвремени парламентарни избори и да се бара 2/3 мнозинство за уставни промени. Бидејќи ако основното (затскриено) барање на ВМРО-ДПМНЕ е амнестија, тогаш зошто би гласале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени по консултативен референдум? Да не биде на крајот и консултативен референдум во вода, и предвремени избори на површина.
Македонијо, партал си!“, порачува еден од најталентираните македонски политичари кој сега се занимава со наука.