На престојните парламентарни избори на Косово што ќе се одржат на 6 октомври 2019 година “Единствена горанска партија“ настапува со своја кандидатска листа и Македонците на Косово имаат можност да гласаат за партијата која се бори за унапредување на нивната положба и права и заштита на нивниот јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор.
Светскиот македонски конгрес посакува успеси на “Единствена горанска партија“ и на лидерот на партијата Адем Хоџа за сите напори што ги прави за областа Гора и Македонците на Косово.
СМК ги повикува сите Македонци од областа Гора и на Косово, да излезат масовно и да гласат за “Единствена горанска партија“ на престојните парламентарни избори, за да добијат свои пратеници во Собранието на Косово.




