Горанците од Косово со поддршка за Македонците во Албанија по земјотресот

Горанците од Косово денеска упатиле порака за солидарност и понуда за секаква можна подршка за Македонците во Албанија.



“Почитувани пријатели, денеска сочувствуваме со вас и жалиме за изгубените животи во катастрофалниот земјотрес. Се надеваме дека вие сте добро и ви пожелувам здравје и бериќет во името на целата Горанска заедница. Ние сме ви на располагање за секаква помош”, пишува во писмото на македонската Горанска заедница од Косово потпишано од Адем Хоџа упатено до македонското друштво Илинден од Тирана.