Во новиот состав на косовскиот парламент, во десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници, место ќе обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ нејзин претставник во косовскиот парламент ќе биде дипломираниот инженер, Адем Хоџа, кој беше носител на листата, објави весникот на Македонците во Албанија „Илинден“ – Тирана.



Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик, пишува „Илинден“ – Тирана.

„Чест ми е што ќе ги претставувам моите Горанци во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на условите за живење во областа Гора, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово“ изјавил Хоџа.

Од партијата не го кријат задоволството од добиената поддршка, која првпат ја добиваат на целата терторија на Косово, а не само на подрачјето на Гора.