Советниците на Општина Центар усвоија Одлука за прифаќање донација од семејството на писателот Горан Стефановски и на Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски.
Семејството Стефановски ќе ја подари скулптурата на Општина Центар, со цел да се реализира Одлуката за подигнување спомен-обележје на Горан Стефановски, што Советот на Општина Центар ја донесе во месец февруари 2019 година.
Скулптурата е изработена од скулпторот Стивен Мелтон и излеана во бронза во леарницата Spaser во Маргејт, Англија, а ќе биде поставена во Дебар Маало во паркчето спроти општинските бараки, веднаш до чинарот, кое за роденденот на Стефановски на 27 април беше засадено во знак на негово сеќавање.






