Бразилскиот напаѓач на Пари Сен Жермен, Нејмар го обвини шпанскиот дефанзивец на Марсеј, Алваро Гонзалез за навреди на расна основа, објави „ Get French Football News “.



Гонзалез на крајот од натпреварот му рекол: „Замолчи, валкан мајмуне“.

Оваа фраза ја испровоцира париската суперѕвезда да го удри Шпанецот по главата, за што доби црвен картон.

Додека го напушташе теренот, Нејмар му се пожали на резервниот судија за однесувањето на играчот на Олимпик Марсеј и викна пред камерата дека го удрил Шпанецот затоа што бил расист.

Во судиското продолжување на натпреварот, вкупно пет играчи беа испратени по масовна тепачка.