Гонителите на Спасовски од МВР не се појавија на судењето за ,,Сонцето од Кутлеш”

Гонителите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од МВР не се појавија на судењето за ,,Сонцето од Кутлеш” кое се случува пред судот во Охрид.



На судењето по пријава од СВР Охрид а по наредба на кабинетот на министерот Оливер Спасовски на адвокатот Тони Менкиноски му се суди за нарушување на јавниот ред и мир со истакнување на знамето со ,,Сонцето од Кутлеш”.

Вообичаено на судењето мора да се појави пријавителот во случајот претставник на СВР Охрид од каде по наредба на кабинетот на Оливер Спасовски се гони Менкиноски.

Со непојавување на пријавителот од МВР оваа институција и владата индиректно признаваат дека направиле грешка при прогонот на Менкиноски.

Прогонетиот адвокат по судењето му фрли ракавица в лице на Оливер Спасовски

Менкиноски бара МВР да не го крши законот и да се појави на суд (ВИДЕО)