Премиерот Заев вклештен во својата нестабилна политика за која нема поддршка денеска во Собранието самиот понуди амнестија за 27 април а за возврат очекува власта да гласа за уставните измени.
Премиерот Зоран Заев образложувајќи го предлогот ги повика пратениците да гласаат за уставните измени, наведувајќи дека во спротивно државата ќе влезе во неизвесност. Тој исто така рече дека поделеноста во државата е навлезена во секоја пора, велејќи дека е потребно помирување во општеството.
Заев оцени дека пред народните избраници е важна задача и порача дека за настаните од 27 април треба да има помирување меѓу иинволвираните страни.
Премиерот апелираше пратениците да ја извршат својата должност и да одлучат по нивното сопствено убедување, истакнувајќи дека единствениот пат за Македонија е тој кон НАТО и ЕУ и дека не може да има подобар договор со Грција од Преспанскиот.




