„ГОЛЕМИОТ“ „претседател“ Пендаровски дели лекции на други претседатели и држави, а не си ја гледа Македонија, која му се распаѓа, токму поради „мировните договори“, што ги фали!
„Претседателот“ Стево Пендаровски ги посочи Република Српска во БиХ и северот на Косово како најранливи безбедносни точки на Западниот Балкан. Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Пендаровски како причина за ваквата состојба ги посочи, како што кажа, „режимот на Путин и дел од локалните политичари“.
„Режимот на Путин со години наназад, не само откако почна војната во Украина, се обидува да ги провоцира луѓето таму и да го загрози интегритетот во овие две земји. Последнава година руската пропаганда, лажните вести и хибридните закани не се интензивираа, зашто режимот на Путин е окупиран во борбата против западната Алијанса, поради војната во Украина“, рече Пендаровски.
Според Пендаровски, она што досега го правел Путин на Балканот, го продолжиле дел од домашните политичари, кои повремено „провоцираат со запалива реторика и се постојано против постигнатите мировни договори“. Тој оценува дека ранливите точки на Западен Балкан можат да бидат злоупотребени од Кремљ.
„Ако Русија се обиде да го пренасочи вниманието на Западот настрана од Украина, што е главната цел на војната и пропагандата, регионот на Западен Балкан е поподложен за такво нешто, отколку на пример Балтикот.“, додаде Пендаровски.





