Европа и понатаму ја тресе инфлацијата и недостигот на храна поради кризата предизвикана од војната во Украина.
Грција, Шпанија, Италија и Холандија ја ограничија количината на масло и брашно што може да се купи, а според некои информации и Германија се подготвува да направи нешто слично. Британија е погодена од невидена инфлација, а голем дел од населението спасот го бара во банките за храна.
Инфлацијата во Европската унија го забрза растот во февруари на стапка 6,2 отсто, што е рекордно високо ниво. Сите мака мачат со поскапувањата, па во Италија килограм тестенини кои чинат 0,89 евра денеска изнесува 4,71 евра, што е пет пати поскапо. Во оваа земја еден леб понекогаш достигнува и до 10 евра. Оваа храна поскапува и во Хрватска, па се очекува наскоро да чини дури две евра. Во Грција едно јајце чини дури 0,3 евра, додека во Босна литар масло отиде до неверојатни 2,45 евра. Тешка е состојбата и во Холандија, властите им наложија на граѓаните да купат до два литра нафта, што за половина литар треба да чини 2,2 евра.
Економскиот експерт Млаѓен Ковачевиќ вели дека ситуацијата е во најмала рака тешка и неизвесна, а ќе биде уште полоша доколку војната се одолговлекува.
– Ова е најлошата ситуација за Европа и светот по Втората светска војна во економска смисла. Ако војната не заврши наскоро, последиците ќе бидат огромни. Цените на сите суровини, нафтата и гасот растат, инфлацијата е повисока од кога било, а невработеноста расте. Катастрофална ситуација има и во однос на набавката на пченица од Украина и Русија, а не е јасно како тоа воопшто ќе се реши, така што Европа и светот чекаат многу неизвесен период – вели Ковачевиќ.





