Големи проблеми со интеграцијата на Авганистанци: Зошто Курц не сака да прими бегалци

Австрискиот канцелар Себастијан Курц открива дека една од причините поради кои одбива да прими бегалци од Авганистан е тоа што со нив Австрија има сериозни проблеми да ги интегрира.



“Австрија постигна многу со прифаќањето на 44.000 Авганистанци. Ја имаме една од најголемите авганистански заедници во светот по глава на жител по Иран, Пакистан и Шведска. Имаме се уште големи проблеми со интеграцијата и затоа сме против дополнително вклучување. Не можеме да прифатиме дека напредокот постигнат во #Авганистан во текот на изминатите 20 години за човековите и женските права повторно ќе биде целосно поништен”, пишува Курц објаснувајќи ја својата позиција за нулта бегалци од Авганистан.

“Настаните во Авганистан се драматични, но не смееме да ги повториме грешките од 2015 година. На луѓето од #Авганистан треба да им се помогне во соседните држави. #ЕУ мора да ги обезбеди надворешните граници и да се бори против илегалната миграција и криумчарите на луѓе”, порачува Курц.