„Големата петорка“ по Курти на разговори и со Вучиќ

Фото: Скриншот

По Приштина и во Белград пристигна петчлената делегација на дипломати предводена од специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.



Заедно со нив се и советникот за надворешна политика и безбедност на германскиот канцелар Олаф Шолц, Јенс Плотнер, Емануел Боне, кој е советник на францускиот претседател Емануел Макрон и Франческо Марија Тало, советник на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Таканаречената „Големата петорка“ ќе се сретне и ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и чекорите што ќе му претходат на постигнувањето договор меѓу двете страни.

Како што јави Косово онлајн, средбата се одржува во Вила Мир.

Тие утрово во Приштина разговараа со премиерот на Косово, Албин Курти. По таа средба Лајчак рече дека очекуваат поголемо разбирање.