Општина Центар го издаде првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради според планот донесен до 2013 година.
Градоначалникот Горан Герасимовски не сака ниту да ги објави проектите наградени од стручната жири комисија за урбанизирање на просторот. Конкурсот беше распишан од неговиот претходник, сопартиецот од СДСМ Саша Богдановиќ. Нема објаснение зошто ниту едниот, ниту другиот не ги објавија идејните решенија на конкурсот пишува сдк.мк.
Од Општина Центар за сдк.мк велат дека согласно имотните листови на земјиштето, сопственици и баратели за откуп на државно земјиште заради дооформување на парцела се фирмите „Голден Арт“ и „Мега и Акустик“.
„По доставената документација, истите поседуваат 90.17 проценти од вкупната површина на градежната парцела, што значи дека за дооформување имаа само 9.83 проценти од вкупната градежна парцела“, ни одговорија од Општина Центар на прашањето кои градежници купиле државно земјиште во „Треска“.
Сега овие градежни фирми се на чекор до добивање одобрение за градба, а со тоа да почне бетонизацијата на последното слободно парче во центарот на Скопје пишува порталот.
Целиот текст прочитајте го на линкот.







