Србите во Северна Митровица протестираа поради одлуката на косовските власти еврото да биде единствена валута за плаќање во Косово.
Протестот се одржа во близина на главниот мост на реката Ибар, а демонстрантите се од сите општини во кои живее српска заедница.
„Одлуката да се укине динарот, да ни се оневозможи да ги подигнеме заслужените пензии, буквално значи дека ни се укинува лебот, ни се укинува животот“, им порача на насобраните Душанка Ќоровиќ во име на пензионерите.
Од 1 февруари во Косово стапи на сила уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК), со исклучок на српскиот динар за плаќање.
Еден од демонстрантите од Зубин Поток за Радио Слободна Европа изјави дека протестира „против сè, вклучително и против оние во Белград и оние во Приштина“, додавајќи дека „веќе никому не верува“.
На протестот се и претставниците на Српската листа, главната партија на Србите на Косово, која ја ужива поддршката на официјален Белград. Протестот го поддржа Синдикатот на работниците од паралелниот систем на Србија на Косово.
Од 1 февруари во Косово стапи на сила уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК), со исклучок на српскиот динар за плаќање.
На протестот се и претставниците на Српската листа, главната партија на Србите на Косово, која ја ужива поддршката на официјален Белград. Денешниот протест го поддржа Синдикатот на работниците од паралелниот систем на Србија на Косово.





