Голем поздрав за Димитров и Заев од Антигва (Видео)

Македонски иселеник во САД бил изненаден кога разбрал дека во далечната Антигва и обичните луѓе знаат за Македонија и тоа поради Библијата.



Гоце Панговски за своето искуство раскажува со восхит.

„Ја имам среќата скоро недела дена да терам одмор на рајскиот остров Антигва. Вчера, одејќи
на плажа, ми приоѓа една жена за да ми понуди некои екскурзии на островот или на море и ме
праша од каде сум.

Кога ѝ реков од Македонија, се озари и повтори МАКЕДОНИЈА неколку пати.

Ѝ велам, сте чуле за Македонија?

Вели: Како не, Македонија е во Библијата!

Се насмевнав и се разделивме.

Денеска се симнувам на истата плажа, таа седи во сенката и додека поминував покрај неа, ме
поздрави со: Hello Mr. Macedonia! (Здраво г-Дин Македонија).

Ми го стопли срцето“.

Поздравите до премиерот Заев и министерот Заев во видеото

https://www.facebook.com/goce.pangovski/videos/10217091160619825/

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10157376970449027&id=642249026