По повод 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, општина Гази Баба во четврток со почеток во 19:30 часот на плоштадот во Автокоманда организира голем музички настан.
Ќе учествуваат естрадните уметници Јордан Митев, Александра Јанева, Наум Петрески, Зуица Лазова и групата Синтезис, а на настанот ќе биде изведен и уметнички перформанс со наслов “Во слава на минатото” од македонски актери, фолклорниот ансамбл Седенка и вокално инструменталната група Аманет.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги покани сите граѓани да присуствуваат.
-Само од нас зависи, дали Македонија ќе биде се што имаме или се што немаме. Денот на независноста е светол датум во историјата на Македонија и наша должност е да го почитуваме, напиша Стефковски.







