Голем метален крст поставен за Прочка во центарот на селото Табановце

Во центарот на селото Табановце близу границата на Македонија со Србија е поставен голем метален крст во чест на христијанскиот празник Прочка.



„Вчера во чест на денешниот голем христијански празник Прочка граѓаните на село Табановце во центарот на селото подигнаа КРСТ.

Благодарност до сите правни и физички лица кои дадоа свој придонеос желбата на мештаните да стане реалност“, објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на социјалните мрежи.