Првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“ слави голем јубилеј – двобројот сабота/недела е 25.000-от број од првиот отпечатен на 29 октомври 1944 година во Горно Врановци.
Историска димензија на весникот му дава основањето со решение на Президиумот на АСНОМ и фактот дека тој е прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик.
Весникот излезе дури и на 27 јули 1963 година, ден по скопскиот земјотрес, а по бурните транзициски години, обновената „Нова Македонија“ почна да излегува на 30 април 2008 година.






