Дарко Чурлинов пред три дена се врати во Шалке како зајмен играч од англискиот премиерлигаш Барнли до крајот на сезоната и веќе во првиот настап, и тоа само пет минути откога влезе во игра, погоди во германската втора Бундеслига.
Македонското 23-годишно крило во 51. минута го реализира контранападот на гостите од Гелзенкирхен и во тој момент израмни на 1:1 против Кајзаерслаутерн, кој на крајот славеше со 4:1.
Погодокот на Чурлинов, кој има 22 настапи и 4 гола за фудбалската репрезентација на Македонија, е добра вест за селекторот Благоја Милевски.






