Извонредната форма сезонава Бојан Миовски ја потврди и во натпреварот со грчки ПАОК, забележувајќи по еден гол и асистенција за Абердин во поразот од 3:2 на својот стадион „Питодри“ во третото коло од Лигата на конференциите на УЕФА.
Македонскиот фудбалски репрезентативец прво го отвори резултатот во 50. минута, а осум минути подоцна му асистира на Данте Полвара за зголемување на водството од контранапад, пред да ја напушти играта во 72. минута, по што гостите од Солун направија целосен пресврт.
За 24-годишниот штипјанец ова е деветти погодок во сите натпреварувања оваа сезона, четврти на европската сцена за „донси“, а досега запиша и вкупно три асистенции.






