Годишно обраќање на шефот на државата во Собранието

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието.



Во обраќањето на шефот на државата тој ги известува пратениците за прашања од негова надлежност и е единствена точка на дневниот ред на денешната 134. собраниска седница.

Обраќањето на Пендаровски во Парламентот е последно во неговиот мандат.

По обраќањето на Пендаровски, доколку во Парламентот има кворум, би можеле да се одржат продолженија на седници за кои има услови за тоа.