Домашното производство ни од далеку не може да ги задоволи потребите за струја во земјата и да ги покрие загубите на електрична енергија, поради што ЕСМ и во текот на декември продолжи со купување на увозна струја од приватни снабдувачи.



Владата со одлука која стапи на сила од 21 декември префрли уште 25 милиони евра од буџетот на сметката на ЕСМ за надминување на енергетската криза со електрична енергија. Ова било одлучено на последната редовна владина седница во вторникот.

За помалку од еден месец веќе дадени се 35 милиони евра народни пари за ЕСМ. 

Претходно, од Владата на 29 ноември му беа одобрени повеќе од 11,5 милиони евра буџетски пари на АД ЕСМ за справување со кризната состојба, а следниот ден сумата беше префрлена на сметката на државните електрани.

Само четири месеци претходно на Електрани на РСМ за истата намена му беа префрлени 50 милиони евра. 

Во зимските месеци на почетокот на годината – јануари и февруари, од Владата во неколку наврати беше трансферирана збирна сума од безмалку 80 милиони евра.

Во текот на ноември ЕСМ Продажба од Владата доби посебни 7,7 милиони евра за обезбедување на субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбениот сектор, училиштата и водоводните претпријатија. Фактор