Годинашните лауреати на „Нобеловата награда“ ќе добијат наградите во своите земји оваа недела, откако, поради коронавирусот, традиционалните церемонии во Стокхолм и Осло сеоткажани.
Никој од победниците нема да отпатува во Стокхолм или Осло за да добие дипломи и медалјони поради пандемијата КОВИД-19. Церемониите обично се одржуваат на 10 декември, годишнината од смртта на основачот на наградата, шведскиот бизнисмен и пронаоѓач на динамитот, Алфред Нобел во 1896 година.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и парична награда од девет милиони шведски круни или 865 000 евра.





