Бугарија мора да има обмислена државна политика која не дозволува говор на омраза против неа во Република Македонија, вели бугарскиот одбојкар Светослав Гоцев во интервју за БГНЕС по фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на двете земји.



Тој вели дека предлогот на екс премиерот Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“за авиолинија Софија-Скопје и изјавитге „дека сме големи пријатели“ не ги решило проблемите.

Според него, вистинската борба е да се сменат учебниците, бидејќи таму Македонците ги учат дека Бугарите се лоши луѓе кои се варвари и сакаат да ги убијат.

Тоа што го видовме на стадионот е пример од општеството, пример дека има за што да се бориме и да го смениме светогледот на овие луѓе“, рече Гоцев.

Тој е навреден затоа што „кон Македонците се однесуваме со љубов и не го добиваме истото од нив“.
Вели дека на многу негови пријатели од РСМ и кажувал:

„Им велам дека ние сме учени, дека тие се наши браќа на кои мораме да им помогнеме. А тие ми одговараат: не’ учеа дека не мразите…
Нешто не е во ред меѓу нас и нив“, вели Светослав Гоцев.