Гоце е Македонија, а Македонија сме сите ние! – откриен споменикот на македонскиот револуционер во Гази Баба

„Недела е ден за историја за жителите на Гоце Делчев! По 70 години се исполнува барањето за откривање на споменик во чест на Гоце Делчев!



На денот на неговиот роденден ќе го откриеме споменикот кој ќе биде вечен паметник за ликот и делото на Гоце Делчев” напиша градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи.

Настанот имаше и уметничка програма во која учество земаа Габриела Новевска и Вокално инструменталната група Аманет кои ќе ги испееа најубавите македонски песни посветени на Гоце Делчев.

Стотина жители на населбата Гоце Делчев во скопска Гази Баба кои уживаа во изведбата на македонски песни.