Малолетничка (17г.)од тетовско Рогле се сомничи дека го нападнала 16-годишниот малолетник од с.Ново Село, општина Желино, кој вчера во 07.10 часот беше пронајден починат во водите на река Пена на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово.



Во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен иразговор и со 17-годишен малолетник од Тетово, по што тој е ослободен додека малолетничката била задржана во полициска станица.

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство од член 123 став 1 од КЗ.

Осомничената 17 годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор.