Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, објави дека е постигнат договор за 50 милијарди евра помош за Украина.



„Сите 27 лидери се согласија“, рече тој, додавајќи дека „ова обезбедува стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина“.

Најавата на Мишел покажува дека челниците успеале да го разубедат унгарскиот премиер Виктор Орбан кој стави вето на помошта од 50 милијарди долари за Украина.

Шолц со финта го спречи Орбан да не стави вето за Украина

Имено, да потсетиме, германскиот канцелар му предложи на Орбан „да се напие шолја кафе надвор од просторијата“, каде што лидерите на Европската Унија одлучуваа за отворање на преговорите со Украина.

Утрово, пак, Орбан, беше поканет на појадок од Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџија Мелони.

Појадокот подоцна продолжи во проширен формат, при што се приклучија холандскиот премиер Марк Руте, полскиот премиер Доналд Туск и белгискиот премиер Александре де Кроа.

Резултатот покажа дека колективниот притисок бил доволно убедлив за Орбан.