Пристапувањето на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна, а тоа го разбира и самиот НАТО, изјави за ТАСС заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија Александар Венедиктов.



Според него, барањето на Украина за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег“.

Киев е свесен дека таквиот чекор би значел загарантирана ескалација до Третата светска војна, нагласи тој и додаде:

„Очигледно, на ова сметаат – да кренат информативен шум и уште еднаш да го свртат вниманието кон себе“.

Но, имајќи предвид дека многу членови на режимот во Киев не се во допир со реалноста, не би бил изненаден ако некои луѓе навистина очекуваат нивната земја да биде примена во НАТО, истакна Венедиктов.

Свесни сме и дека и покрај изјавите за немешање во настаните во Украина, вистинските дејствија на западњаците покажуваат дека тие се директна страна во конфликтот, посочи тој.

Според неговите зборови, приемот на Украина во НАТО „автоматски ќе му даде нов квалитет на учеството на Западот во конфликтот, член 5 (за колективна одбрана – н.б.) ќе стапи на сила“. Заменик-секретарот на Советот за безбедност укажа на тешките последици од ваквите постапки за целото човештво.

„Самите земји-членки на НАТО ја разбираат самоубиствената природа на овој чекор (да се прифати Украина во НАТО)“, категоричен беше Венедиктов.