Кои се луѓето во СДСМ и ДУИ кои го туркаат в затвор претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кој иако подолго време знае дека една компанија за енергенси го крши законот не ја одзема лиценцата и е можен соучесник во дејствија за кои има силни индиции и докази дека се криминални?
Криминалот според сторијата на Телма не е само финансиски туку и против човековата средина со опасност да биде причина за нарушување на здравјето на граѓаните при што се предизвикани и човечки жртви.
Луѓе блиски на Бислимовски тврдат дека тој го почитува законот но дека е под влијание на луѓе во власта и бизнисот кои се многу моќни и дека се наоѓа под силен притисок.
Но пријателите на Бислимовски немаат одговор зошто тој не заминува од функцијата ако навистина е под притисок да дозволува криминал.
Три институции во изминати 14 месеци констатирале незаконска работа на фирмата САНС која се декларирала како производител на мазут М1 и го продавала на фирмата РКМ каде сопственици се Ратко Капушевски и екс возачот на Пуцко Петрол.
Институции кои констатирале незаконска работа се:
• Инспекторатот за животна средина
• Пазарната инспекција
• УЈП
РКМ во фактурите каде пишувало “тешко масло за ложење” допишувал Мазут М1 со што направил фалсификат фактура што е предмет на истрага на финансиска полиција.
Во тој период на 2022, РКМ добил тендери од ТЕЦ Неготино за набавка на мазут во износ од 108 милиони евра.
Зошто Марко Бислимовски кој ги имал податоците за случајот сега повторно ги бара истите иако и со првите можел да преземе дејствија засега е нејасно.
Со тенденција наскоро случајот да се расчисти и тие што учествувале или не спречиле криминал да се најдат таму каде што најмалку посакувале.
Повеќе детали за случајот кој го отвори Телма:






