Го тепале грчки даскали, идентитетот му го смениле македонски политичари

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) не може да разбере зошто неспособните македонски политичари го смениле идентитетот на неговиот татко откако тоа не им успеало на грчките институции.



Бил Николов открива дека неговиот татко на обидот на грчките учители да му го сменат идентититет одговарал со упорно користење на македонскиот јазик.

“Училиштето на татко ми во #Желево, Егејска #Македонија. Грчките даскали го тепаа затоа што зборуваше на #македонски. Што стори тој? ЗБОРУВАШЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ.
Корумпираните/неспособни политичари во Република Македонија НЕМААТ ПРАВО да му го сменат името и идентитетот”, пишува Николов објавувајќи фотографија од училиштето каде што неговиот родител бил присилуван да не зборува на македонски јазик но тој никогаш не се откажал од македонскиот идентитет.