Волонтерите од движењето ,,Не биди ѓубре“ го исчистија сметот околу Фондот за пензиско осигурување, каде вработените пушат цигари, пијат кафе а догорчињата и пластичните чаши ги фрлаат или во жардињера или на земја.
На крајот од акцијата, ѓубрето собрано во вреќи го оставија пред вратите на Фондот, пренесува порталот “Ако.мк”.




