Македонија денес (8.12) го слави Свети Климент Охридски, светецот кој се почитува како заштитник на Македонија, Охрид и Македонската Православна Црква.
Во негова чест и соборниот храм во Скопје го носи токму неговото име.
Свети Климент Охридски бил ученик на светите учители Кирил и Методиј, кој по нивната смрт го продолжил нивното дејствие и ја основал Охридската книжевна школа која е позната и како „Прв словенски универзитет“ од кој излегле 3.500 ученици, па затоа се смета и за покровител на образованието и јазикот.
Тој е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени.
Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Климент дејствувал во времето кога сѐ уште постоел голем отпор кон христијанството како религија на овие простори и затоа се верува дека е рамен на апостолите, затоа што слично како христовите апостоли го ширел христијанството и религијата меѓу словенските народи, и тоа на јазик што им е познат.






