Фотографии од градежна механизација која ја расчистува трасата на Водно, каде што ќе треба да поминува гасоводот, објави граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.
Планината се раскопува по старата траса, багерите го раскопуваат сртот на планината токму во ек на летните одмори и покрај противењето на активистите кој бараат да не се чепка Водно.

„Порамнето, искршен сртот, без официјална одлука на Влада! И не, да бидеме јасни, не се како што рекоа МЕР и Кочо Анѓушев, 10 метри и не по изменетата траса која ќе ја намалела штета, туку по старата“, напишаа од иницијативата на фејсбук.
За денеска пред просториите на Град Скопје е закажан митинг.





