„Ако сакаме да спречиме уште еден масакр и тоа најтежок до сега, после сите кули, патишта, градови на Водно и во име на ‘подобра иднина за сите’ – контактирајте не со испраќање порака или коментирајте јавно“ се вели во денешниот апел на иницијаторите на Акцијата за спас на Водно и кои се противат на изградба на гасовод низ парк-шумата.
„Секој, буквално секој, што може да дојде горе, колку и да е тоа кратко, дали пешки, дали со автобус до средно, па жичара до врв, а од таму до Седло каде се багерите, сите сме потребни горе на Водно“, се вели во апелот.
Со жив штит и секојдневно присуство на сртот на Водно, членовите на иницијативата „Го сакам Водно“, најави отпор против багерите и механизацијата што го чистат теренот за изградба на новиот гасовод, при што ќе се уништи дел од густата шума на планината.
https://www.facebook.com/GoSakamVodno/photos/a.1538873526181326.1073741828.1537513276317351/1687500294651981/?type=3&theater





