Го саботира ли Русковска “својот” случај за 27 април?

Развојот на настаните на судењето на наводните организатори го наметнува прашањето дали јавната обвинителка Вилма Русковска намерно го минира ли судењето за 27-ми април свесно или се наоѓа во небрано и мора да користи методи кои не можат да и помогнат?



На најновото рочиште од судењето на наводните организатори на изненадување на многумина Русковска повторно понудила докази сработени од нелиценциран вештак со што сама го минира сопственото обвинение.

На денешното рочиште за дополнителни докази во процесот за организирање на 27-ми април шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска понуди докази кои се сработени од човек кој нема лиценца како вешто лице од областа на информатичките технологии издадена од Министерството за правда и не е запишан во регистерот на вешти лица во Министерството.

Ова признание го даде самото вешто лице на денешното рочиште. Истото може и да се провери на веб-страницата на министерството за правда https://www.pravda.gov.mk/veshtaci, каде нема лице со тоа име и презиме на листата на вештаци

Ова не е прв пат Рускоска да понуди докази кои не се сработени од овластено вешто лице – во август минатата година имаше идентична ситуација кога обвинителството нудеше докази кои не се сработени од лиценциран вештак, со што нивната кредибилност и легалност според законот не е потврдена и не може да се земат како доказ.

https://www.expres.mk/si-igra-li-majtap-jo-so-sudot-veshtacite-za-27-april-ne-se-veshti-lica/

Упорноста на Рускоска за презентира докази кои не може да бидат важечки докази пред суд, ги поставува прашањата дали ова е уште еден очајнички потег да се докаже она што не може да го докаже, или пак намерно го саботира случајот кој без оглед на одлуката на првостепениот суд, никогаш нема да може да ги пројде правните филтри на европските судови и ќе нанесе нова црна дамка на „како пупка“ отвореното правосудство од владата на Зоран Заев и СДСМ.

Самите „докази“ понудени од Русковска се апсурд сам за себе, бидејќи се работи за СМС комуникација меѓу лица која нема никаква врска со настаните на 27-ми април, туку околу поддршката која на протестите на иницијативат За Заедничка Македонија ја даваат лица од естрадата и шоу-бизнисот.

“Пропустот” на Русковска се случува откако во јавноста излезе аудио во кое сведок на обвинителството признава дека обвинителите и сега осудени за 27 април се невини а тоа го знаеле и обвинителката Русковска и судијката Кацарска со што се отвори можност да реагира Врховниот суд.