Мариа Спираки, портпарол на Нова Демократија, во писмен допис, го прашува претседателот на Европската комисија зошто ѝ дава поддршка на Македонија и зошто во Скопје се обрати на јазикот што го говорат во соседната земја – односно таканаречениот „македонски јазик“, јави дописничката на МИА од Атина.
„Дали смета дека изјавите се израз на солидарност на Советот кон држава членка на ЕУ која што е во преговори со земја кандидат за членка?
Дали смета дека конкретниот став позитивно придонесува во преговарачкиот процес?
Безусловната поддршка кон ПЈРМ, важи и во случај да нема решение на проблемот со Грција?
Кои се фактите што му даваат за право да го предвиди признавањето на јазикот на ПЈРМ, од страна на Грција во рамките на континуираните преговори?, прашува во писмен допис Спираки, пренесув МИА.





