Го прогласи ли Македонија бугарскиот за светски јазик? (ВИДЕО)

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова отвора дилема дали Македонија со одлуката да отвори бугарски универзитет го прогласи бугарскиот јазик за светски на ниво на англиски, француски, шпански, кинески или руски.



“Отвораат Универзитет од Бугарија кај нас без да се почитуваат одредбите од законот. На пример се бара наставата да е на еден од светските јазици а тука таа ќе биде на бугарски. Не сум против отворање на светски универзитети во Македонија, тоа ќе ја крене конкуренцијата и квалитетот на образованието. Такви нешто тука нема, се работи за уште една “добрососедска” отстапка”, открива професорката која добро го познава Законот за високо образование каде пред да стане пратеничка работеше над 3 децении како професорка по Уставно право и политички систем.