Го прекршил ли директор на Алијанса за Албанците секуларниот систем на Македонија за џамија во Арачиново?

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу доделил едно комбе Цитроен Џампер на џамијата во Арачиново.



Одлуката е спротивна на уставниот принцип на секуларната држава во која државните институции се одделени од верските организации.

Доделувањето на возилото се случува во ситуација кога многу државни болници, градинки и училишта имаат реална потреба од превозни средства, а немаат средства за истите да ги набават.

,,Повторно за Арачиново!
Агенцијата за управување со одземен имот денеска предвиде и пушти во процедура обезбедување на транспортно возило за услугите на џамијата РЕЗИСТЕНЦА, општина Арачиново.

Ова е следна донација бидејќи општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е општина која заслужува и има безброј потреби за грижа, токму од државните институции, затоа мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана.

Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука!”, пишува директорот Небиу на Фејсбук.

Доказот дека директорот на Алијанса за Албанците доделил државен имот на верска заедница и со тоа направил можно прекршување на секуларниот принцип на функционирањето на државата на овој линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0h2SxCzJCbcqbNUN97e1JfdgT3t3tPLMGg1hDrgfFGPhPbwAthx1gSqfdwmTj2pg1l&id=100000684384618&mibextid=Nif5oz

Исправка: Директорот на агенцијата е кадар на Алијанса за Албанците а не како што во првата верзија на овој текст беше објавено дека е од ДУИ.