Фановите на Симсонови веруваат дека популарната серија го предупредила светот за коронавирусот уште пред повеќе од 2 децении.



Имено во една епизода од 1993 година главна тема бил вирус наречен Осака Флу кој се шири низ Спрингфилд, откако жителите нарачале блендери од Јапонија.

Во епизодата еден од работниците кој ги пакувал блендерите во кутии во Јапонија, се разболел и случајно го пратил вирусот во САД. „Ве молам, немојте да му кажете на мојот надзорник дека имам грип“, кажал тој пред да се искашла во кутијата. Потоа откако блендерите стигнале во Спрингфилд, повеќето жители се разболеле.

Фановите на Симсонови го „запалија“ Твитер со реакции. „Симсонови повторно успеаа“, е само еден од коментарите за серијата која наводно често има точни пророштва:.






https://espreso.mk/vi-preporachuvame/simsonovi-go-predvidele-koronavirusot-ushte-vo-1993-godina-video/