По налог на основното јавно обвинителство во Кикинда уапсена е 44-годишната С.М. од околината на Нова Црња поради постоење на основано сомнение дека го полеала со бензин синот А.Т.(26) и – го запалила, јавуваат српски медиуми.
Осомничената жена издржувала казна куќен притвор без електронски надзор, а синот ѝ дошол во посета кога таа после кавга го полила со бензин и го запалила.
Таа ги оставила осумте деца кај првиот сопруг и заминала да живее со друг маж кој исто така бил алкохоличар. Била казнета за нанесување на тешка телесна повреда, но не лежела во затвор.
Синоќа околу 19 часот, во семејната куќа во Српска Црња, по кавга го полеала со запаллива течност, по што облеката на момчето се запалила.
Кај момчето се констатирани тешки телесни повреди во Ургентниот центар на болницата во Зрењанин, по што е префрлен на Клиниката за пластична хирургија во Нови Сас.На С.М. и е одредено задржување од 48 часа и таа, со кривична пријава ќе биде приведена во Основното јавно обвинителство во Кикинда.
Момчето А.Т. се наоѓа во тешка состојба, додека неговиот татко Раде за медиумите раскажал дека не му е јасно како можела мајката да го повреди своето дете.







