Го полеал газдата со бензин и му го запалил џипот

Поранешен вработен во скопска фирма од Кисела Вода вчера му го запалил џипот, а потоа со бензин го полеал и газдата.



Вработени веднаш притрчале и го изгаснале опожарениот автомобил и, за среќа, сопственикот останал само полеан со бензин.

„На 3.9.2019 во 13.43 часот во СВР Скопје, И.И. (51) од Скопје, сопственик на фирма на булеварот Србија, пријавил дека поранешен вработен во фирмата, Љ.С. (56) од Скопје, со бензин го полеал неговото патничко возило ‘бмв икс 6’, кое било паркирано на паркингот на фирмата и го запалил. Причина за тоа, според пријавеното, се неколку неисплатени плати кон Љ.С.. Огнот го изгаснале вработените, а Љ.С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот“, извести МВР.

Љ.С.воопшто не се обидел да побегне туку мирно чекал да дојде полиција.