Aктерката и активистка Ирена Ристиќ, сподели фоторафии од она што некогаш беше познато како Рекреативен центар „Треска“ изграден во 70-те со средствата од самопридонес на граѓаните на Скопје.
Пластични шишиња, остатоци од храна и сокови, салфети, се само дел од отпадот, заедно со непријатната реа која се шири наоколу покажува дека никој не се грижи за ова излетничко место, пренесува порталот „Скопје 1“.





