Го откри ли вториот човек во ВМРО-ДПМНЕ кандидатот за претседател?

Во интервјуто за Економски лидер потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го открива профилот што треба да го има кандидатот за претседател на опозицијата.



“Јасни позиции за клучните државни прашања, способен и чесен”, се карактеристиките кои што треба да ги поседува кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, според Николовски.

Македонската опозиција утре во Струга ќе ја одржи конвенцијата за избор на претседателски кандидат за претстојните избори во април.

Николовски вели дека кај граѓаните постои огромно незадоволство од владеењето на актуелната власт, па затоа ВМРО-ДПМНЕ има предност.

“Во овој момент постои огромно незадоволство од начинот на кои владеат Заев, Димитров, Шекеринска и компанија. Исто така постои огромна разочараност помеѓу граѓаните заради промената на името и заради законот за двојазичност”, смета Николоски, посочувајќи дека од една страна постои револт, а од друга несигурност кај некои луѓе за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ може да ја понесе победата.

Силната партиска структура, сепак е столбот на партијата смета Николоски и додаде дека по исклучувањето на лицата кои и нанесоа штета на партијата, организацијата е зацврстена како никогаш досега.

“Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ може да победи и ќе победи на претседателските избори. Но тој кандидат мора да ги отсликува сите овие работи кои што ги кажувам, односно да биде способен да допре и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ и до симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, до поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се различни категории, понатаму да допре до неопределените и до незадоволните од СДСМ, а во исто време да има чисти и јасни позиции по однос на несреќната територијална организација, која што се случи во 2004 година, по однос на Законот за јазици и по однос на прашањето за името”, заклучува Николоски.

Ваквата изјава на Николовски се толкува како негова отворена поддршка за единствениот кандидат кој што ги исполнува сите овие услови од вкупно 9те пријавени.

Единствената жена меѓу осумте мажи која има реални шанси да ги обедини сите незадоволни граѓани од катастрофалните политики на власта е професорката Гордана Силјановска Давкова која на партиските анкети на двете најголеми партии води пред сите останати потенцијални кандидати од власта и опозицијата.

Силјановска отворено се противеше на делови од рамковниот договор во 2001, во 2004 протестираше против Територијалната поделба а изминативе две години е активен противник на содржината, процедурите и уставните прекршувања врз основа на кои беа донесени Преспанскиот договор и Законот за јазици.

Делот од интервјуто на Николоски, во кое зборува за карактеристиките на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од 11. минута:

Линк

https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/2326138187659318/