Го навреди ли Ковачевски Бајден со ракувањето на самитот на НАТО (ФОТО)

Прекршен ли е кодексот на однесување за време на ракувањето на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со американскиот претседател Џозеф Бајден за време на самитот на НАТО во Вилнус.



Ковачевски објави две фотографии од кратката средба со Бајден.

На едната се гледа дека двајцата лидери ништо не зборуваат односно не е отворена устата и на двајцата што е невообичаено затоа што најчесто дури и на средба која трае десетина секунди каква што најверојатно била денешната некој од соговорниците зборува.

На втората фотографија се гледа дека Ковачевски и Бајден се поздравуваат додека македонскиот премиер стои а американскиот претседател седи.

Според протоколите за добро однесување кои важат и во дипломатијата може да биде навредливо кога човек на стоење се поздравува со човек кој седи.

Според едни правила човекот кој стои покажува надмоќ врз тој што седи и во тој случај Ковачевски го навредил Бајден а според други правила тој што седи не покажува респект за тој што стои.

Со оглед на тоа што Бајден е лице во поодминати години нему не може да му се забележи затоа што не станал за да покаже респект но затоа Ковачевски морал да биде предупреден дека не треба да пружа рака за поздравување кон човек што седи.

,,Никогаш не треба да се ракувате додека седите. Бидејќи ракувањето е единствената прифатлива форма на допир меѓу луѓето кои не се интимни, вие сакате да бидете во најдобра позиција кога се ракувате, а дел од тоа вклучува и стоење”, стои во правилата за ракување кои ги опфаќаат и ситуациите кога еден човек седи а друг стои кои ги објавува сајтот на Американската школа за добро однесување.