Лидерот на најголемата опозициска партија најави можност за излегување од парламентот поради поместувањето на договорениот датум за распуштање на Собранието на 60 дена пред изборите на 12 април (12 февруари) и поместувањето на овој датум за 4 дена, што, спооред оваа партија преставува и кршење на Уставот.
„Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање што ќе преземат со оглед дека не е прифатено нивното барање законодавниот дом да се распушти денеска.
Мицкоски порача дека не треба да се отстапува од постигнатиот политички договор за термините за распуштање на Собранието и за избори.
„Собранието треба да се распушти на 60 дена пред изборите закажани на 12 април. Поднесовме иницијатива за распуштање како пратеничка група и жестоко ќе се бориме тоа да се испочитува“, рече потспретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Алескандар Николовски синоќа во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.





