Јужноафриканската република (ЈАР) бара од Путин да не присуствува на самитот на БРИКС поради налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд, пренесе Њуз.бг
Јужноафриканските власти се обидуваат да го убедат Кремљ да се откаже од идејата претседателот Владимир Путин да го посети самитот на БРИКС што ќе се одржи во Јужна Африка ова лето.
Причината е налогот за апсење на рускиот претседател издаден од Меѓународниот кривичен суд во Хаг под обвинение за воени злосторства извршени во Украина.
Спроведувањето на одлуките на МКС е задолжително за земјите што го потпишаа Римскиот статут, а меѓу нив е и Јужна Африка.
Високи владини претставници, кои сакаа да останат анонимни, изјавија за водечкиот јужноафрикански весник „Сандеј тајмс“ дека Преторија разговара со Москва и му понуди на Путин да не присуствува на самитот на БРИКС преку видео врска.
Во спротивно, јужноафриканските власти ќе треба да го уапсат рускиот претседател врз основа на одлука на МКС.








