Го криел ли Бектеши планот за Иловица и од својот заменик од СДСМ, Маневски се крие од јавноста

СДСМ знаела за лагите на министерот на економија или Бектеши го криел планот за концесиите на рудникот Иловица и од својот заменик од СДСМ е дилемата што се наметнува откако тројца владини министри објавија дека биле излажани од својот колега одговорен за економија.



Иако многумина очекуваа дека заменикот на Бектеши Зоран Маневски ќе излезе пред јавноста и ќе даде одговор за скандалот со владината одлука која била донесена по нецелосни информации од министерот неговиот заменик се крие од јавноста а владата не одржува седница.

Иако кога министерот не е тука него го менува заменикот се уште е неизвесно дали ќе се одржи најавената седница на владата на која министерот за економија Крешник Бектеши требаше да го објасни носењето на одлуката за спојување на концесиите за Иловица.

Иако најавена за денеска таа е одложена бидејќи министерот Бектеши е на службено патување во САД.

Со тоа владата и СДСМ го суспендираат заменикот министер кој има ингеренции да даде објаснување за скандалот.

Меѓувреме од Владата нема одговор на бројните дилеми во јавноста по изјавите на дел од министрите дека биле измамени во конкретниот случај.

Во случајот има две можни сценарија, или Бектеши ги лажел членовите на владата и својот заменик од СДСМ за да обезбеди профит за фирма блиска на власта или премиерот Ковачевски и сите министри од СДСМ знаеле се за случајот но сега се прават дека не знаеле.